Лага е дека Русија стои зад смртта на Пригожин, вели Песков

by Fokus

Дмитриј Песков – портпаролот на Кремљ ги коментираше наводите дека рускиот претседател Владимир Путин наредил соборување на авионот во кој се наоѓал водачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

„Путин во последните денови не се сретнал со Евгениј Пригожин во Кремљ“ – рече Песков.

Тој се согласува дека има многу шпекулации за оваа несреќа

„На Запад сите овие шпекулации доаѓаат од одреден агол. Но, сето тоа е лага“ – додаде тој.

Песков посочи дека мора да се расчистат фактите за авионската несреќа и дека претседателот ги чека резултатите од истрагата.

„Сега ќе се направат сите потребни тестови, вклучително и генетските тестови. Резултатите ќе бидат објавени веднаш штом ќе бидат готови“ – рече Песков.

Портпаролот на Пентагон, пак, Пет Рајдер, денеска соопшти дека САД немаат индиции дека авионот на Пригожин, кој се урна во средата во руската област Твер, бил соборен со ракети земја-воздух.

„Оценуваме дека таквите информации се неточни. Јасно е дека знаеме дека групата `Вагнер` има многу пипала, некои од воена природа, некои од криминална природа, во Африка. Мислам дека никој нема да ја намали опасноста од таа група или нејзините остатоци“ – рекол Рајдер.

Поврзани новости