Вашиот дом треба да биде место кое ќе ви влева сигурност и ќе ви дава чувство на стабилност, ваше гнездо каде семејството ќе се развива и ќе ги одбележува животните радости. Токму затоа пред да се одлучите која ќе биде базата на вашата иднина треба да се информирате за квалитетот на градба на вашето потенцијално живеалиште, бидејќи се работи за клучен сегмент кога е во прашање значителна долгорочна инвестиција.
Достапните податоци покажуваат дека пазарот на недвижности изобилува со понуди за избор на живеалишта кои се пласираат по цени што варираат, во зависност од повеќе критериуми како: локацијата, годината на градба и квалитетот на изведба на објектот. Цената на недвижноста и нејзиниот надворешен изглед во никој случај не смеат да бидат пресудни при изборот на место каде ќе живеете. Покрај локацијата, квалитетот на градба на недвижностите треба, секако, да биде приоритетен критериум при изборот на вашиот иден дом, бидејќи инвестицијата во квалитет на долг рок секогаш се исплати.
Објектот „Гранд Ривер“ кој се гради во центарот на Скопје спроти хотелот „Холидеј Ин“ ги поседува сите карактеристики на квалитетен објект, кој се гради во согласност со највисоките стандарди во градежништвото.
Идните жители и деловни корисници на „Гранд Ривер“ ќе имаат можност да живеат во објект кој е изграден со примена на комбиниран конструктивен систем за поголема стабилност и сеизмичка отпорност на објектот, со што на корисниците на објектот ќе им се гарантира сигурност и безбедност. Во целиот објект ќе биде поставена инсталација на спринклер систем кој ќе обезбеди заштита за сите корисници на објектот во случај на пожар. Исто така, во објектот ќе биде поставен и специјализиран лифт за евакуација во случај на пожар. Сите лифтови кои ќе бидат ставени во употреба во објектот ќе бидат креирани за висококатници и ќе обезбедат сигурност, брзина и напредни стандарди на одржливост.
Еден од најважните аспекти при изборот на идниот дом претставува и интимноста која тој ја овозможува. Во објектот „Гранд Ривер“ ќе биде инсталирана висококвалитетна звучна изолација за намалување на несаканите звуци и зголемена приватност и комфор. Објектот ќе поседува термоизолирана фасада и ќе биде поставено ниско енергетско стакло со што ќе се овозможи заштеда на топлинска и електрична енергија и минимално влијание на животната средина, а со тоа и помали трошоци за греење на домот.
Доколку се одлучите вашиот иден дом да биде во „Гранд Ривер“, бидете сигурни дека вашиот дом ќе се наоѓа на безбедно место каде има контролиран пристап, домар и обезбедување, како и 24/7 безбедносни камери и алармни системи.
Во самиот објект ќе бидат применети и инвентивни решенија за што поголема присутност на зеленило, кое ќе обезбеди свежина и пријатна атмосфера за живеење.
Сите оние кои се во потрага по нов дом, кој е граден квалитетно, според светски стандарди, може да добијат персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или да го контактираат тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: info@grandskopje.mk.
ПР текст