896
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, вечерва на Канал 5 посочи дека додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше советник кај Никола Груевски за енергетика и директор на ЕЛЕМ струјата поскапела за 100 проценти.
-Тогаш Мицкоски не најде причина дека треба да протестира, ниту кога се укинуваше евтината струја. Причината ја гледа токму сега, лицемерно лажејќи го народот дека надвор се токму поради тоа, а вистината е дека се работи за зачувување на фотелјата – истакна Кузеска.
Таа додаде дека опозицијата не оставила ниту две недели да види како ќе почне да работи оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ.
-Почнавме со креирање на четвриот пакет мерки со кои ќе им се помага на граѓаните, на компаниите, за сочувување на работни места – рече Кузеска, додавајќи дека целиот концепт на СДСМ и на владата е парите да се вратат назад кај граѓаните.
Според неа, ВМРО-ДПМНЕ 11 години го унапредуваше судството во непотизам, вработувајќи братучеди, сопружници, блиски и далечни роднини, соседи…
-Најавивме ред, правда и дицсиплина и развојна економија, тоа се главните задачи на кои оваа влада миксимално ќе се посвети, граѓаните сакаат правда и правда ќе има, секој што се огрешил пред законот ќе одговара – порача таа.