Кузеска: Скандалозна изјава на Славески – граѓаните да не бараат поголеми плати додека тој ужива

by Fokus

Срамна, дрска и потценувачка е било каква закана за граѓаните да не бараат поголеми плати, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во одговор на новинарско прашање.

-Тоа е уште една скандалозна изјава на Трајко Славевски. Срамна, дрска и потценувачка е било каква закана за граѓаните да не бараат поголеми плати. Се лаже ДПМНЕ ако мисли дека може некого да замолчи. Граѓаните имаат мака да обезбедат основни потреби за секојдневниот живот и со право работниците бараат поголеми плати. Обврска на власта е да ги зголеми плати е а да се обидува да ги замолчува. Тоа е истиот човек, кој беше против покачувањето на минималната плата за работниците. Но, еве прашуваме зошто Трајко Славески не се откаже од паушалот од 600 евра во Советот на Град Скопје? – рече Кузеска.

Поврзани новости