Кузеска: Платите растат и во време на пандемија

by fokus

Економските мерки и политики кои ги реализираше Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев даваат резултат, изјави на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа истакна дека платите континуирано растат и во услови на пандемија.

-Просечната месечна нето – плата во март 2021 година изнесува 28.217 денари. За 6,8 отсто повисока од истиот месец во 2020 година. Покрај борбата со пандемијата ветивме економија – правда. Тоа испорачавме. Повеќе пари во џебот на работниците е дел од концептот на СДСМ, парите кај граѓаните – рече Кузеска.

Дополнително, како што истакна, по цела година за прв пат во месец март оваа година е забележена сериозна стапка на раст на индустриското производство од 7,6 проценти.

Поврзани новости