Кузеска: Опозицијата нема нови имиња, тоа се луѓе на Груевски!

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска објави нови имиња за кандидати за градоначалници, а со свој коментар излезе и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, ова не се нови лица на опозицијата, туку како што вели, добропознати луѓе од режимот на екс-премиерот Никола Груевски.

„Она што го слушнавме во голем дел се повторно имиња кои веќе имале држвни и локални функции од времето на режимот односно од времето на Никола Груевски и може да заклучиме дека навистина ова е понуда од немај каде, како едвај да нашле кандидати кои што се спремни да изгубат на претстојните локални избори. Она што е интересно, повторно од ВМРО-ДПМНЕ не слушнавме кандидат за градоначалник во град Скопје и тоа повторно не води до заклучокот и јавноста треба да знае дека токму ВМРО-ДПМНЕ има многу мала доверба во главниот град, секако и во една од најголемите општини во градот Скопје – Центар каде што поддржуваат кандидатка од мал коалиционен партнер. Секако гледаме дека ВМРО-ДПМНЕ маки мачат со кандидатите, но она што е интересно е дека ги претставуваат како нови и свежи, а како што напоменав веќе тие имале и државни и локални функции од времето на режимот, од времето на Никола Груевски што ова го потврдува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ не работи на никаков концепт „Македонија за сите луѓе“ туку ова се сите луѓе на Груевски“, истакна Кузеска.

Поврзани новости