Само неколку недели по воведувањето на владината мерка за намалување на цените на основните производи се покажа дека истата е целосно неефективна. Очигледно оваа мерка ги штити трговците, а не граѓаните, соопшти портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, посочувајќи дека се покажа дека голем дел од цените се намалени, некои минимално, а цените на одредени производи дури и се зголемени.
-Оваа мерка се покажа како голема измама на Владата. Еве ги бројките. Во октомври синдикалната кошничка е намалена за само 57 денари во споредба со претходниот месец. Тоа е заштедата на граѓаните за еден месец од мерките на Мицкоски. На едно четиричлено семејство му се потреебни 61 249 денари за основнитее потреби во месецот, додека просечната плата падна за 1 000 денари откако тој стана премиер. Ова покажува дека животниот стандар на граѓаните драстично опаѓа и дека имаат се помалку пари во џебовите – рече Кузеска.
Според неа, време е премиерот Христијан Мицкоски да го прифати предлогот за зголемување на минималната плата, што ќе донесе бенефот за сите работници и ќе ја зголеми минималната плата, а со тоа и просечната плата.