623
Христијан Мицкоски мисли ова е МВРО-ВМРО па се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок за случајот „Теретана“, реагираат од СДСМ.
„За Мицкоски сосема е нормално да крене телефон и да врши притисок врз полицијата за побрзо да се затвори неговиот случај со теретаната. Дури и Наќе Чулев, под притисок на својот шеф, Мицкоски, побрза да го одбрани со незрела изјава дека припадниците на МВР не носеле ракавици туку тоа замислете, кажа дека е отсјај од светлото. Целата јавност ја виде снимката среде најголемата здравствена криза. Граѓаните видоа како Мицкоски си влегува во празна теретана, придружуван од командантот на единицата ’Тигар‘ и уште еден полициски службеник“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.