Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Михаилова, а молчи за Груевски

by vlatko 12:25
12:25

Скандалот со пуштањето на Ива Михаилова го откри договорот под радар, под маса направен во Софија –  Муцунски договори, Тошковски ја пушти, Мицкоски одобри, границата е швајцарско сирење, а одговорност нема, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.

-Сега Мицкоски се плетка се повеќе во обид да го заташка скандалот. На телевизија Мицкоски рече дека за случајот со Ива Михаилова ќе се  жали пред НАТО и европските партнери. А за Никола Груевски молчи.  Зошто не се жали, зошто со истата гласност и не бара негово враќање од Унгарија?

Ива е осомничена ама Груевски е осуден. Каде е најавеното ново барање за екстрадиција на Груевски? Во мај, пред 4 месеци, владата на Мицкоски најави дека кога ќе ги комплетира докуметните ќе поднесе ново барање.

Патуваа документите со денови, се собираа документите, не оваа среда следниот петок.  Потоа велеа дека чекаат да се формира нова Влада во Унгарија. Поминаа 4 месеци ново барање за екстрадиција на Груевски не е пратено. Уште една лага на Мицкоски – рече Кузеска.

Слични вести