Кузеска: Мицкоски е ист како Груевски, блокадата е антидржавна политика

by Фокус

Во ДПМНЕ нема никаква промена, Христијан Мицкоски е ист како неговиот ментор, Никола Груевски, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

-Цели 11 години Груевски и ДПМНЕ ја држеа земјата во изолација, далеку од ЕУ и НАТО. Само за да го пљачкаат народот. Мицкоски ја продолжи таа анти НАТО и анти ЕУ политика. Беше против членството на НАТО и цело време работи против членството во ЕУ. Без ниту една забелешка за предложната содржина на уставните измени ДПМНЕ се обидува да ја блокира европската иднина на земјата – рече Кузеска.

Според неа, ДПМНЕ и Мицкоски дејствувааат против подобар живот за граѓаните, против нови и поголеми европски фондови, против забрзан напредок и европски стандарди.

-Мицкоски сака земјава да биде повторно да ја држи во 11 годишна изолација. Прво беше асимилација и бугаризација, откако тие лаги пукнаа како меур од сапуница, се измисли нова лага, бугарски диктат. Ниту има бугарски диктат, ниту пак е можно да се репреговара за нов договор. Видовме како Груевски и ДПМНЕ во минатото репреговараат и како земјата тонеше 11 години – истакна таа.

Како што истакна, обидот за блокада на европската иднина е опасна, антидржавна и антимакедонска постапка на ДПМНЕ и Мицкоски.

Поврзани новости