Кузеска: Македонија се претвори во Див Запад, Тошковски не реши ни едно убиство

by Fokus

За овие шест месеци, Македонија се претвори во Див Запад, опасно место каде секојдневно се случуваат убиства, палење на автомобили и насилство кое останува нерасчистено. Неефикасноста на МВР раководено од Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ стимулираат уште повеќе криминал, ја влошуваат безбедноста и ги охрабрува пиштолџиите кои слободно се шетаат низ државата“, истакна на денешната прес-конференција порпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа нагласи дека последното убиство во Тетово е само еден од низата на нерасчистени случаи заради, како што кажа „неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ кои кога и да се на власт, во државата царуваат уличните банди“.

„Само за потсетување, ни помалку ни повеќе, туку точно 4 убиства и 3 обиди за убиства се нерасчистени во последните шест месеци или во просек едно месечно“, додаде Кузеска.

Поврзани новости