„Енергетски картел при јавни набавки е нов скандал со фирми кои се поврзуваат со Сања Божиновска. Деталите покажуваат дека фирмите во кои била дел и Божиновска имале пријави од македонските институции за незаконско работење и малверзации. Во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ, Комисијата за заштита на конкуренцијата повела постапка за забранет договор – картел при јавни набавки и донела решение за казни. Фирми кои дел се поврзуваат и со Божиновска, формирале енергетски картел. Со намера да ја диктираат цената на увозот на струја на тендерот на ЕЛЕМ спроведен во 2012 година и да профитираат“.
Ова меѓу другото денеска на прес-конференција го изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа посочи дека „не се случило тоа еднаш, 11 пати биле прекршувањата, 11 пати! Па дали е ова нормално, секако дека не е! За дел од овие фирми кои склучиле картел и Царинската управа открила затајување данок во износ од 1,8 милиони евра. Ова е вмровска шема во енергетиката како во мафијашки филм. Со картели. Само наместо фавели има бел дворец“.
„Уште не е затворен скандалот со долгот на Божиновска гледаме дека има нов со картели и малверзации. Молчи Мицкоски, молчи Божиновска за долгот од 1 милион евра кон државната МЕПСО. Кој картел ги сврте 1 милион евра пари на граѓаните? Ова ли се тие менаџерски способности за што Мицкоски ја постави Божиновска за прв човек во енергетиката?“ рече Кузеска.