„Она што го нудат ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре. Силјановска Давкова ревносно ги спроведува политиките на ДПМНЕ на блокади и кочење на европскиот пат во македонското Собрание. Застанува директно против Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ.
Таа вели „Толку јасно. Граѓаните гледаат дека Силјановска е реприза на Иванов. ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро. Потврда за тоа е катастрофата што се случува во Скопје но и во општините коишто ги води оваа партија“.
„Не ни е потребна нова катастрофа, на граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде партиски послушник, ќе ја кочи иднината на земјата и ќе бара да се откажеме од подобро утре. Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ. Патот до ЕУ е тежок и долг, но сепак тоа е единствениот начин за суштински позитивни промени. Со визија за интегрирана, стабилна и просперитетна Македонија во Европа Пендаровски е победнички кандидат за најважниот аспект, иднината на државата, на народот. На граѓаните им е потребен европскиот животен стандард европските вредности и европскиот живот дома, и тоа сега, а не за 100 години или никогаш“ рече Кузеска.