Кузеска: Фронтекс е доказ дека пропаднаа лагите на ВМРО и Левица за загрозеност на јазикот

by Фокус

Во нашата држава започна Заедничката операција под закрила на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража Фронтекс со соработка со македонската полиција, откако Договорот беше ратификуван од страна на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Договорот со Фронтекс е прв договор потпишан со ЕУ на официјален македонски јазик, со чиста формулација, без додавки и фусноти, каде нашиот македонски јазик е рамноправен со сите останати јазици на ЕУ – рече таа, додавајќи дека со тоа и официјално пропаднале сите лаги и хистерии што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги пласираа за наводно бришење и загрозување на македонскиот јазик.

Според неа, реализацијата на овој Договор е дополнителна заштита на нашите граници и на нашиот територијален интегритет.

-Благодарение на храбрите и државнички одлуки на СДСМ и коалицијата, денес Македонија е препознаена како земја – фактор на стабилност во регионот, кредибилен партнер во одржувањето на мирот и безбедноста. Покрај напредокот во евроинтеграциите, Македонија оваа година, годината на сериозни глобални предизвици успешно претседава и со ОБСЕ една од најзначијте безбедносни организации во светот – рече Кузеска.

Поврзани новости