ДПМНЕ нема собрано валидни, законски потписи за нивната кандидатка за претседател Гордана Силјановска Давкова. Кандидатурата во ДИК за Силјановска ДПМНЕ ги поднела со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани. Очигледно, ДПМНЕ како што ги лажира анкетите, сакала да ги лажира и потписите, па кога разбрале дека ќе се проверува легалноста на секој даден потпис не ги поднеле.
Ова денеска на прес-конференцја го изјави Богданка Кузевска, портпаролка на СДСМ.
„Ова е можеби за прв пат ДПМНЕ да нема собрано потписи зад својот кандидат, но тоа и не е толку важно. Клучното е дека ниту ДПМНЕ ниту Гордана Силјановска ја немаат поддршката од граѓаните. Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари. На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов. На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопје“, вели таа.
Според Кузеска, ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска Давкова не можат да донесат промени на подобро.
„Затоа граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски“, вели Кузеска.