113
Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ, денеска на прес-конференција посочи дека во изминатиов период се изнаслушавме различни хаотични ставови, неконзистентни ставови од страна на ДПМНЕ и Мицкоски.
„Еднаш кажуваат дека нема да учествуваат, го спореа и Талат Џафери како премиер на техничката Влада, кажуваа дека немало потреба од техничка Влада за сега да слушнеме дека ќе бидат дел од техничката Влада. Морам да кажам дека добро е тоа, добро е што прифатија да ја испочитуваат законската обврска но и улогата и обврската што ја имаат како опозиција. Овие 100 дена на ДПМНЕ во техничката Влада ќе бидат единствената можност да бидат на власт и добро е да им ја даваме оваа можност на секои 4 години“, вели Кузеска.