395
Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, се сретна со неговиот австриски колега Себастијан Курц.
Како што информираа од австриското МНР, на средбата се разговарало за миграцијата, евроинтеграциите, ОБСЕ, со која годинава претседаваат Австрија и нејзиниот министер Курц, како и за ситуацијата во Балканскиот регион.
-Среќен сум што го примив министерот за надворешни работи Никола Димитров, на неговата прва официјална посета на Виена. Австрија и Македонија имаат силни билатерални врски. Македонија е многу важен партнер во борбата против илегалната миграција на балканската рута. Исто така, разговаравме за евроинтеграциите на Македонија кои ги поддржуваме, твитна Курц.