Курц постигна договор за влада со австриската зелена партија: Можно е да се заштитат и границите и климата!

by Фокус

По неколку месеци преговори, австриските конзервативци предводени од Себастијан Курц постигнаа договор за формирање на коалициска влада со Зелената партија, што ќе биде прв таков случај во историјата на Австрија.

Народната партија на канцеларот Курц претходно коалицираше со крајнодесничарската Слободарска партија, но соработката пропадна по големиот скандал „Ибицагејт“ во мај во чиј центар беше токму помалиот коалициски партнер.

Сепак, Курц повторно победи на вонредните избори во септември, но дури сега успеа да се договори со Зелените, која за првпат влегува во една сојузна влада.

-Успеавме да го обединиме најдоброто од двата света. Можно е да се заштитат и климата и границите – изјави Курц.

Претседателот на Зелените и иден вицеканцелар, Вернер Коглер, рече дека Австрија сега би можела да стане европски лидер во борбата против климатски промени.

Поврзани новости