Курц одби апажана од 75.000 евра

by Фокус

Довчерашниот австриски премиер Себастијан Курц нема да ја добива платата од пратеничкиот клуб, на која има право шест месеци по напуштањето на функцијата.

Курц за виенскиот весник „Кронен цајтунг“ изјави дека се откажува од правото на тие приходи.

Тој би имал право на 75 отсто од платата која е повисока од 15.000 евра бруто месечно, колку што земал како шеф на пратеничкиот клуб.

Тоа значи дека за шест месеци со божиќен бонус од државата би можел да добие повеќе од 75.000 евра.

Сепак, Курц нема намера да поденесе барање за тие пари.

-Моето разбирање за политиката отсекогаш било дека сакам да и служам на државата и да работам за народот – изјавил тој.

Според австриските медиуми, Курц ќе има само кратка пауза поради новороденото бебе, а следната година ќе се вработи во приватниот сектор.

Поврзани новости