Градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари – Курто Дудуш на неговиот Фејсбук профил ги покани скопјани заедно да ја прослават новогодишната ноќ.
„Покрај недостатокот на елементарна способност за обезбедување на основни јавни услуги, Данела има недостаток на идеја, волја и желба да се усреќат сограѓаните барем за новогодишните празници, оставајќи ја најубавата јавна површина во градот штура, нема и без програма.
Затоа, ги поканувам сите граѓани на градот Скопје на 31ви декември да ни бидат гости на плоштадот во општина Шуто Оризари, каде што ќе можат ја доживеат новогодишната атмосфера во полн ек“ пишува Дудуш на Фејсбук.
Тој најави „богата денска и вечерна програма, за сите генерации, со почеток од 12:00 часот со програма за нашите најмали па продолжување на забавата се до утринските часови со богатата ромска музика и песна“.