Премиерот на Косово, Албин Курти денеска на Фејсбук порача дека Албанците мора да застанат еден до друг, за развој, демократизација, реформи, напредок и благосостојба, објавувајќи притоа фотографии од вчерашната средба со премиерот на Албанија, Еди Рама и со лидерот на партијата Алијансата за Албанците – Арбен Таравари.
Курти вчера во Скопје, првпат по подолг период можеше да се види седнат заедно со Рама, со кој имаа заладени односи.
– Во Скопје, на маргините на регионалната лидерска конференција за Планот за раст на ЕУ, заедно со премиерот Рама се сретнавме и разговаравме со Арбен Таравари, претседател на Алијансата за Албанците. Албанците, повеќе од среќа, имаат историска и национална свест со јасна евроатлантска ориентација и градење сојузи засновани на вредности и верувања – напипа Курти на социјалните мрежи.
Тој нагласи дека „често имаме слични и заеднички предизвици“.
– Услугата кон граѓаните секогаш треба да биде непоколеблива цел на политичкиот ангажман. И на патот напред, мораме да застанеме еден до друг, за развој, демократизација, реформи, напредок и благосостојба – порача Курти.