Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека на следниот состанок во Брисел, без одлагање, ќе се разговара за спроведувањето на Охридскиот договор.
Тој изјави дека очекува конкретни резултати на следната средба на највисоко ниво во Брисел, која е закажана за 2 мај.
„Секогаш сум подготвен за средби на високо ниво. Следниот состанок ќе се одржи во Брисел. Треба да разговараме како договорите од Брисел и Охрид ќе бидат спроведени без одлагање и во целост“, рече Курти.
Тој им честиташе на новите претседатели на четирите општини од северот на земјата.
„Во оваа прилика ги молам сите оние кои вчера беа избрани да работат напорно и да служат без разлика на националност, потекло, вера или пол. Им посакувам добра работа и ветувам дека Владата ќе ги поддржи и ќе им помогне. Создадени се услови за јавните услуги, функционирањето на системот и одржливоста на институциите резултираат со подобра благосостојба на сите граѓани без разлика“, рече Курти.
За слабата излезност на граѓаните на вчерашните избори тој го обвини Белград и, како што рече, „нелегалните структури“.