Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат и за ова прашање, изјави косовскиот премиер Албин Курти, одговарајќи на новинарско прашање кога и дали Косово ќе ги испорача Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, обвинети во случајот „Монструм“.
Курти, на заедничката прес-конфернеција со премиерот Зоран Заев, рече дека неговата Влада од минатото наследила „трагични случаи и тешки предмети.
-Но, има и други предмети, кои што според мое убедување не се разјаснети до крај и за кои се уште ја немаме целосната вистина. Заедно со премиерот Заев разговаравме дека имаме потреба, не само за поддршка, туку и за меѓународна помош, како би имало правда за двете земји, но и за жртвите, како правдата би дошла до крај и се најде вистината – изјави Курти.