531
Обидот српскиот претседател да се одвои од потпретседателот на Српска Листа е веќе виден филм, тврди косовскиот премиер Албин Курти.
Тој смета дека врската меѓу Вучиќ и Радоичиќ е неразделна, а Србија нема да се откаже од намерата да го дестабилизира Косово, со помош од Русија.
–Она што сега се обидуваат да го направат е да го раздвојат Радоичиќ од Вучиќ. Затоа што Радоичиќ на терен во Бањска, Звечан го извршуваше тоа што Вучиќ го нарачуваше од Белград. Сме ги виделе заедно на средби во Белград и во Рашка. Значи ова е типична врска од пред 30 години како меѓу Милошевиќ и Аркан. Го гледавме овој лош филм – смета Курти.
Косовската полиција од утринава вршеше претреси на три локации каде и заплени дел од имотот на Радоичиќ.