Курти: Целта ни е уште посилно партнерство со САД

by Fokus

Косовскиот премиер Албин Курти по средбата со високиот советник на Стејт департментот, Дерек Шоле изјави дека Косово има за цел уште посилно партнерство со Соединетите Американски Држави.

Како што соопшти Владата на Косово, Курти го информирал Шоле за постигнувањата на Косово и воедно му се заблагодарил „за посетата, континуираната комуникација и посветеноста на САД како незаменлив партнер и сојузник, нагласувајќи ги целите на земјата за уште посилно партнерство со САД и интеграција во НАТО”.

-Се разговараше и за процесот на дијалог, европскиот план и односите меѓу Косово и Србија. Беше истакната потребата од активен и конструктивен ангажман во дијалогот и за интензивирање на напорите кон целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија со заемно признавање, се вели во соопштението.

На средбата со премиерот присуствуваа и заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар, заменик-помошникот секретар за одбрана за европска политика и НАТО, Спенсер Бојер и амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер.

По средбата со Курти во Американската амбасада, Шоле имаше заедничка средба со лидерите на неколку партии во Косово

Поврзани новости