482
Косовскиот премиер Албин Курти упати критика кон српските власти, по барањето на српскиот претседател, Александар Вучиќ за дозвола за влез на српската војска во сверно Косово.
„Тие упатиле барање до КФОР, а тоа барање е нереално и повеќе говори за нив одошто за нас. Никогаш немало потреба од српски војници во Република Косово, никогаш немало потреба од српски војници ниту во минатиот, а ниту пак во 19-тиот век. Тоа покажува јасно дека тие останале во 19-тиот и 20-тиот век, рече Курти.