Курти: Србите во Косово живеат многу подобро од Србите во Србија

by Fokus

Косовскиот премиер Аљбин Курти за Вечерњи лист изјави дека претседателот на Србија Александар Вучиќ го нервира демократијата и дека Косово не се вооружува затоа што се плаши од Србија, туку е во готовност поради српските воени бази, пренесува Косово онлајн.

Косовскиот премиер наведува дека „на северот на Косово имаат мирни и добри денови секогаш кога нема наредба од Белград за насилство“.

„Србите во Косово живеат многу подобро од Србите во Србија, но криминалците во Србија живеат многу подобро отколку во Косово. Гледате дека протестите на Вучиќ на Косово се насилни, а протестите против Вучиќ во Белград нема. Животот на Србите во Косово им го отежнува Белград, кој не им дозволува да се интегрираат. Луѓето кои не се интегрираат не живеат многу добро, а оние што се интегрираат живеат подобро. Но, Белград не сака тие да живеат подобро, сака некако да ги храни тензиите и потенцијалот за дестабилизација“, вели Курти.

Курти зборуваше и за вооружувањето на КБС, за ситуацијата на северот на Косово и за дијалогот со Србија.
Ги купивме Барјактарите, го удвоивме воениот буџет и го зголемивме бројот на војници. На границата има офанзивни бази на српската војска и затоа сме многу внимателни.

Курти изјави дека „ќе има војна или не зависи од Белград“, и дека во оваа смисла ситуацијата не е многу поразлична од пред три децении.

Според него, Косово е „демократска република која според сите меѓународни организации е прва меѓу шесте земји од Западен Балкан во однос на владеењето на правото, слободата на медиумите, човековите права и борбата против корупцијата“.  Како што рече, за да има решение со Србија треба да се спроведе договорот од Брисел, а „за помирување потребно е Србија да се огради од Милошевиќ и Путин“. Тој посочува дека Косово има своја војска, и дека поминало многу време откако ја започнале иницијативата за опремување со беспилотни летала „Бајрактар“.

Поврзани новости