Курти: Србија се вооружува од страв дека ќе остане осамена

by Fokus

Косовскиот премиер, Албин Курти смета дека вооружувањето на Србија не е безопасно за регионот. Косово е загрижено и внимателно поради постојаното вооружување на Србија со ракетни ситеми и друго оружје од Кина и Русија. Според него постојаното вооружување на Србија е одраз на нејзиниот страв дека ќе остане осамена „кога ќе стане јасно дека веќе нема да може да седи на неколку столици“.

– Знаеме дека имаат 42 воени бази на границата со Косово, која е 178 километри долга, но и покрај тоа ние не се плашиме, затоа што, иако не сме во НАТО, НАТО е кај нас… Верувам дека и територијата, и државата, и граѓаните се безбедни. Додека Србија се чини дека е во паника, кога гледа дека не може да седи на три столици истовремено, изјавил Курти на денешната прес-конференција, пренесуваат косвските медиуми.

Поврзани новости