760
Новиот косовски премиер Албин Курти вели дека не може да има договор со Србија доколку ставот на српскиот претседател Александандар Вучиќ е дека и Белград треба да добие нешто.
– Ние не сме тука за да компензираме апетити, туку да лечиме рани. Со еден таков однос не гледам дека можеме да постигнеме спогодба, туку заедно со западните држави можеме да создадеме контекст во кој може да се најде решение – рече Курти во синоќешното интервју за државната телевизија РТК.
Воедно, тој порача дека српската држава нема што да бара во Косово, кое, според него, Србија никогаш не го поседувала суштински, а дефинитивно го загубила за време на Слободан Милошевиќ.