580
Косовскиот премиер Албин Курти ја обвини српската влада дека се заканува дека ќе започне нова балканска војна за да извлече отстапки од Западот. Курти го обвини претседателот на Србија Александар Вучиќ дека се однесува како Германија меѓу двете светски војни.
-Тие сакаат да се однесуваат како Германија меѓу двете светски војни во стилот ако не биде по наше, ќе испровоцираме уште една. Затоа што тие направија една рунда во 1990-тите. Србија на име воени трошоци ќе видите дека вртоглаво троши во последниве години. За кого го купуваат сето тоа? – праша Курти.