Премиерот на Косово Аљбин Курти изјави дека владата на Косово има за цел постигнување на договор меѓу Косово и Србија за нормализација на односите, но дека центарот на содржината треба да биде „меѓусебно признавање“.
Тој во интервју за албански ТВ Клан кажа дека многу повеќе од Србија зависи дали ќе дојде до таков договор, бидејќи Косово е спремно.
-Договорите кои не подразбираат заемно признавање како центар на содржината, нормално, за нас не се прифатливи, но и никому не му се од корист, кажа Курти.
Додаде дека постигнувањето конечен договор би им користело на двете страни, бидејќи тоа, како што тврди, „би го забрзало процесот на интеграција на двете земји во европското семејство“.
-Србија сака да го продолжи европскиот пат, но тоа нема да го може брз признавање на Косово, а од друга страна Косово сака европски и евроатлантски интеграции и за тоа ни е потребна целосна нормализација на односите со Србија, наведе Курти.