Косовскиот премиер, Албин Курти им честита на Северна Македонија и Албанија за денешното официјално започнување на преговорите со Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.
На својата официјална страница на Твитер, Курти напиша дека Косово го прославува заедно со Скопје и Тирана нивното, како што вели, „историско достигнување“.
– Честитки за Албанија и Северна Македонија за отворањето на преговорите со Европската унија. Косово го прославува вашето историско достигнување и се приклучува на заложбите за реформи кои ќе ги трансформираат нашите земји и ќе го зајакнат нашиот регион во Европа, напиша Курти.
Честитки до Северна Македонија и Албанија за почетокот на преговорите соЕУ претходно упати и претседателката на Косово, Вјоса Османи.