Курти: Северна Македонија и Косово немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

by Fokus

Северна Македонија и Косово немаат никакви несогласувања, изјави косовскиот премиер Албин Курти на почетокот на говорот на заедничката меѓувладина седница со македонската влада денеска во Приштина.

„Косово и Северна Македонија немаат несогласувања, имаме отворена комуникација и обемна соработка. Ние сме соседи, пријатели и партнери поврзани не само преку трговијата која секој пат расте, туку и преку нашите врски, семејства и бизниси кои се сè посилни и посилни“, рече Курти, пренесуваат косовските медиуми.

Тој го нагласи симболичното значење на средбата, која се совпаѓа со 15-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

„Во текот на овие години беа потпишани 50 договори и меморандуми кои меѓусебно ни понудија повеќе и важно е нивното целосно и прецизно спроведување“, рече Курти и нагласи дека му е задоволство и чест да му посака добредојде на неговиот македонски колега Христијан Мицкоски и неговата делегација на втората средба во Приштина.

Поврзани новости