436
Албин Курти вечерва изјави дека бил подготвен да го потпише договорот во Брисел, но српската страна тоа го одбила.
„Тоа е договор кој целосно ја воспоставува рамноправноста на страните, тоа е договор на симетрија, добрососедство и соработка во иднина, секогаш на демократски и европски начин. Не потпишав затоа што другата страна не сакаше да потпише. Ја изразив мојата волја и интерес да го потпишам овој текст. Тоа нема да биде прв текст потпишан од премиерот на Косово и шефот на Србија. Во Берлин потпишавме три договори. Мислам дека е штета што не беше потпишан денес. Договорот требаше да се потпише“, рече Курти.