Косовскиот премиер Албин Курти денеска реагираше на настапот на српската премиерка Ана Брнабиќ на Инвестицискиот самит за Западен Балкан, наведувајќи дека „неговата земја се вика Косово, а не Косово и Метохија“, пренесува „Reporteri.net“.
– Србија се менува, а кога велам централна Србија, вторпат го користам овој термин, мислам дека Србија не ја вклучува статистиката за АП Косово и Метохија, која секако ја гледаме како дел од Србија. Тоа е политика, а сега зборуваме за економија – изјави Ана Брнабиќ на самитот во Лондон.
На таа изјава на Брнабиќ реагираше Курти и додаде дека неговата земја се вика Република Косово.
Според неговите зборови, тогаш можел да зборува за Србија – централна Србија, Војводина, Топлица, Рашка или Прешевската долина.
– Наш клучен партнер е Европската Унија и сакаме да ја зајакнеме таа соработка. Три соседни земји не признаваат, а Србија се уште не. Ние немаме ништо со Руската Федерација, сакаме Украина да победи во оваа војна што е можно поскоро – рече Курти на самитот.
– Посветени сме на законот и редот, борбата против корупцијата, во склад со Америка, Англија, и во политичките и во деловните вредности, заклучи тој.