Косовскиот премиер Аљбин Курти денес место во Брсиел на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ и високиот претставник за надворешна политика на Европската унија, Жузеп Борел, отпатува за Ватикан да се сретне со папата Фрањо.
Во соопштението од владата на Косово е најавено дека косовскиот премиер ќе се сретне со папата Фрањо и со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Парола.Ова е прва посета на Курти на Ватикан, пренесоа српските и косовските медиуми.
Курти на средбата со папата рече дека Косово е определено „за мир, дијалог и соработка“.
Од Ватикан, косовскиот премиер ќе отпатува за Брисел на средбата свикана од Борел. Српскиот претдеател Вучиќ веќе имаше средба со европските посредници Жозеп Борел и Мирослав Лајчак.