Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека „присилно исчезнување“ е терминот што Косово и Србија се договорија да го споменат во декларацијата за исчезнатите.
„Точната формулација на англиски јазик е „forcibly disappeared“ – а тоа е терминот што е договорен и е во содржината на договорот. А потоа кога ќе се објави, кога ќе се каже дека исчезнале лица, секогаш се работи за присилно исчезнување.Тоа е англиски термин за кој беше договорен во Брисел“ – изјави Курти на новинарите.
На заедничката листа на исчезнати лица од Косово и Метохија, која се води под покровителство на Меѓународниот Црвен крст има повеќе од 1.600 лица.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, коментирајќи го текстот на Декларацијата за исчезнати лица што беше договорена во средата во Брисел, вчера рече дека благодарение на напорите на Белград, терминот „присилни исчезнувања“ е отфрлен, што е правна категорија дефинирана со меѓународна конвенција и која би подразбирала директна правна одговорност на државата Србија за сите случаи на исчезнувања за време на конфликтот во Косово.