Курти пред состанокот во Охрид: Ќе разговарам со Вучиќ, да видиме како да се усогласиме со европскиот предлог

by Fokus

Косовскиот премиер, Албин Курти рече дека на средбата во Охрид ќе се разговара за планот за имплементација на европскиот предлог.

„Продолжуваме со подготовките за состанокот на 18 март, кој ќе се одржи во Северна Македонија, во Охрид, треба да видиме како да се усогласиме со европскиот предлог и да приложиме вистински план за имплементација кој треба да се карактеризира со сеопфатност и ефикасност“ – изјави Курти при посетата на Грачаница, пренесе „Репортерс“.

Зборувајќи за состанокот на 27 февруари во Брисел, Курти рече дека е подготвен да го потпише документот, но дека другата страна не е и дека „срамота е одобрениот текст со пет реченици во преамбулата и вкупно 11 члена не беше веќе потпишан на 27 февруари.“

„Зошто нема потпис, одговорот треба да го побарате од другите“, додаде Курти.

Приштина потврди дека утре се очекува да ја посети Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина.

Поврзани новости