Курти: Односите меѓу Косово и Србија не се нормални, взаемно признавање е решението

by Fokus

„Односите меѓу Косово и Србија не се нормални и треба да се нормализираат, а нормализацијата може да се направи преку взаемно признавање“ порача косовскиот премиер Албин Курти, во обраќањето на Економскиот форум во Скопје.

Тој потсети дека „ова беше кажано и од претседателот Бајден, секретарот Блинкен, канцеларот Шолц дека взаемното признавање е суштината и централната точка на целосната нормализација на односите. Ние се обидуваме и работиме напорно и го имаме како основ предлогот на Европската унија кој ни беше претставен и на мене и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и ние го прифативме текстот на тој предлог, го прифативме во двата главни града и во Брисел“.

Европската унија го објави текстот на предлогот за нормализирање на односите по средбата во понеделникот меѓу Вучиќ и Курти во Брисел. Тие треба да ги продолжат преговорите на 18 март во Скопје.

Вучиќ вчера изјави дека Србија е подготвена да работи на имплементација на многу работи од европскиот план за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, но не и за признавање.

Поврзани новости