Курти: Од вчера ништо не може да биде исто!

by Fokus

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска говореше на комеморацијата за загинатиот полицаец Африм Буњаку. Рече дека Косово постапило претпазливо и во согласност со неговата западна ориентација.

Тој рече дека се поклонуваат пред портретот на Африм Буњаку и пред неговото херојско дело со чест и почит, како заложба за правда.

„Од вчера ништо не може да биде исто. Фактите излегоа пред нашите очи, пред меѓународната заедница, пред секој кој има храброст и волја да ја види вистината за регионот во кој живееме“, рече Курти.

Поврзани новости