Курти објавува дека во Македонија ќе има избори во јули

by Frosina Fakova

Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти со статус на Фејсбук повикува на вонредни парламентрни избори во неговата земја, а како аргумент плус го наведува тоа што неколку земји, меѓу кои и Северна Македонија наскоро ќе органзиираат избори.

– Денеска се навршија два месеца од изгласувањето недоверба. На 25 март на здравствената се надодаде и политичка криза. Меѓутоа ние се изборуваме. Вчера беше првиот ден, од 13 март, без заразени од коронавирусот. Институционален грч? Не е вистина. Несогласувања има, но има и решение. Согласно нашиот Устав, потребни се нови избори. Тие веќе се одржуваат низ Европа. (…) Избори ќе има во јуни во Исланд, Франција и Србија, додека во јули во Северна Македонија, Шпанија и Хрватска. Треба да имаме (парламентарни) избори и ние во Косово, а и локални во Подујево. Дури, може и во исто време, напиша Курти.

Политичките лидери засега немаат договорено датум за парламентарните избори во земјава и конечниот датум не е јавно соопштен.

 

Поврзани новости