Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека во периодот на глобалните безбедносни ризици, Косово ја цени поддршката од НАТО.
На изложбата на фотодокументарниот филм „Кфор и Косово +25“, со која се одбележува 25-годишнината од пристигнувањето на мисијата на Косово во Приштина, Курти истакна дека „Косово гледа кон минатото за побезбедно и побрзо да се придвижи кон мирна, демократска и просперитетна европска иднина“.
Тој се заблагодари на секоја земја членка на НАТО.
– Во овој период обележан со значителни ризици за европската и глобалната безбедност, ние длабоко ја цениме суштинската улога на НАТО и поддршката дадена за Косово и нашата безбедност. Со јасна цел и безрезервна посветеност на евроатлантскиот пат, благодариме на секоја земја-членка на НАТО, тогаш беа 19, денес се 32, за нивната улога и придонес за нашата земја – рече Курти.