57
Албин Курти е професионален опозиционер. Го чекам денот кога Албин ќе излезе да протестира против сопствената влада. Единствениот што може да го собори Курти е само Курти, изјави премиерот на Албанија, Eди Рама, во разговор за косовски медиуми.
-Што да речам… Албин е професионален опозиционер. Го чекам денот кога Албин ќе излезе да протестира против сопствената влада. Единствениот што може да го собори Албин Курти е само Албин Курти. Кога сега е премиер и не може да си ја реализира својата револуционерна страст, тој оди во Македонија, па доаѓа во Албанија и формира ограноци – рече Рама.