Курти е фашист, вели Ричард Гренел

by Фокус

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател за преговори меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти е фашист кој, како што рече, живее во минатото.

„Уште еднаш, радикалниот левичар и искусен фашистички премиер на Косово, Албин Курти, еднострано прави чекор да ги забрани српските регистарски таблички и лични карти на Косово. Тоа е глупаво, несовесно и непотребно. Зошто (советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан и (државниот секретар на САД) Ентони Блинкен не му кажат да престане со фашистичките методи“, напиша Гренел на Твитер.

Тој воедно ги повика српските лидери да не наседнуваат и да не се фаќаат на мамката.

Поврзани новости