478
Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека договорот постигнат во Брисел и „патната карта“ за негова имплементација договорена во Охрид се јавни документи и дека е потребна нивна „точна и брза имплементација“, јави српската агенција БЕТА.
„На 4 април во Брисел ќе се разговара за прашањето за имплементација на веќе договорениот договор. Договор има, договорот постои, јавен е за сите и ни треба негово правилно и брзо спроведување. Затоа ќе биде организиран состанок со главните преговарачи, на кој ќе учествува косовскиот вицепремиер Бесник Бислими“ – рече Курти по состанокот организиран од Советот на Европа во Приштина.
Тој наведе дека договорот мора да се имплементира во целост и не постои можност дел да се спроведе, а дел, не.