Косовскиот премиер Албин Курти денеска ќе престојува во работна посета на Македонија.
Портпаролот на косовската Влада, Перпарим Криезиу, за косовските медиуми изјавил дека Курти во Скопје ќе има билатерална средба со премиерот, Христијан Мицкоски, со кого ќе разговараат за билатералните односи, регионалната соработка и инфраструктурните проекти од интерес на Приштина и Скопје.
На средбата ќе присуствуваат и членови на македонската влада од редовите на коалицијата ВЛЕН.
Во делегацијата со косовскиот премиер доаѓа и министерката за надворешни Доника Гeрвала, преку која Косово завчера испрати протестна нота до Македонија поради инцидентот што се случи на скопскиот аеродром со претседателката на Косово, Вјоса Османи.
МНР веќе соопшти дека институциите работат на случајот и наскоро ќе има разрешница.