Косовскиот премиер Албин Курти до меѓународните претставници доставил својот предлог од пет точки за решение на ситуацијата на северот на Косово, меѓу кои е и распишувањето предвремени избори на северот.
Tој како прва точка од својот предлог на прес конференцијата го наведе „спроведување на законот“ во четирите општини на север, како и „идентификување и гонење“ на оние кои ја нападнаа полицијата, припадниците на КФОР и новинарите.
Криминалните групи да се повлечат од северот на Косово и да се прекинат нивните криминалните активности, е следен предлог на Курти.
Тој предлага косовската полиција, КФОР и ЕУЛЕКС да спроведуваат заеднички безбедносни проценки на секои 15 дена.
Само како четврта точка тој посочи дека владата во Приштина „во координација со сите актери“ ќе распише вонредни избори во четирите северни општини, кои, како што рече, ќе се одржат во „слободна и демократска атмосфера“.
Курти предложи Белград и Приштина веднаш да се вратат на дијалогот во кој ЕУ обезбедува спроведување на постигнатите договори и идната недела да се организира средба на високо ниво.
Тој изјави дека за предлогот од пет точки разговарал со високиот претставник на ЕУ, Жосеп Борел, и со пратеникот за дијалог Мирослав Лајчак.
Курти пред прес-конференцијата се сретна со амбасадорите на земјите од Квинта во Приштина.