Куршум оставен пред вратата на Арбен Таравари

by Fokus

Тетовската телевизија „Коха“ објави дека пред домот на претседателот на Алијанса за Албанците – Арбен Таравари бил пронајден куршум.

Тој бил оставен пред вратата, а според фотографиите била повикана и полиција.

На нив се гледа дека куршумот е оставен на неколку чекори после големата врата за влез во дворот, а пред вратата за влез во домот.

Нема дополнителни детали, а извесно е дека крим-техника од МВР ќе врши истрага и ќе се проверуваат траги.

Засега нема коментар од Таравари.

Поврзани новости