411
Шефот на холандската дипломатија Берт Кундерс пред состанокот на Советот на министри на ЕУ побара смирување на тензиите и почитување на парламентарното мнозинство во Македонија.
-Загрижени сме поради состојбата во Македонија. Сметам дека мора да постои почитување на парламентарното мнозинство и мора да се нагласи важноста на тоа нештата да се одвиваат без вербална агресија во земјата. Тоа мора да биде решение донесено во самата Македонија. Отворени сме за натамошно движење на Македонија кон ЕУ и НАТО, но ова мора да се реши на мирен начин, изјави Кундерс.
На новинарско прашање, тој одби да ги коментира позициите на ВМРО-ДПМНЕ, но порача дека е загрижен поради вербалната агресија во земјата.