Кумуцакос: Многу сме вознемирени околу преговорите за името, Ципрас не држи во мрак

by Fokus

Преговорите за името се во сива зона. Политички неприфатливо е информациите да ни доаѓаат од странство или од медиумите. Владата ги држи во мрак партиите и граѓаните, рече денес пратеникот и одговорниот за надворешна политика во Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос.

– Ние сме многу вознемирени, бидејќи гледаме дека се турка решение кое не е единствено и со кое не се конечно решени името, примената, иредентизмот и уставот. Тоа е неприфатливо – рекол Кумуцакос, според онлајн изданието на весникот „Иефимерида“ кој се повикува на агенцијата АНА-МПА.

Мета

Поврзани новости